Љубов и Секс

Мажите имаат поголема корист од бракот отколку жените? Тие мораат сешто да трпат, а сопругот дебело профитира?

Мажите имаат поголема корист од бракот отколку жените? Тие мораат сешто да трпат, а сопругот дебело профитира?

Сите жени кои чувствуваат притисок за што побрзо да стапат во брак и да имаат деца, не треба да брзаат, бидејќи британското истражување тврди дека таквите жени се поздрави, посреќни и подолго живеат.

„Жените кои не се во брак и немаат деца се најсреќни“, рекол Паул Долан, професот по бихевиорална психологија на Лондонската екомомска школа.

„Тие што се во брак се посреќни од останатите само додека нивниот сопруг е во просторијата. Кога го нема, најчесто одговараат дека се многу несреќни“, објаснил Долан.

Кај мажите резултатот е поинаков и нив ги советува да бидат во брак.

„Мажите имаат поголема корист од бракот бидејќи им носи мир. Помалку ризикуваат, повеќе заработуваат и живеат подолго. Од друга страна, жените треба тоа да го ‘трпат’, а притоа животниот лек им е пократок отколку на оние кои не се во брак“, објаснил Долан.

извор: точка.мк

To top