Вообичаено постојат одредени места на телото што ги допираме со рацете, усните или јазикот за време на интимните односи . Сепак, некои се неправедно запоставени, а токму истите можат да ни дадат овозможат да постигнеме посилни емоции и оргазам.
Интимниот однос е речиси секојдневна пракса во животот на повеќето луѓе. Причините за тоа се многубројни, но неговото влијание врз здравјето е секако доста значајно, еве како:
1. Интимниот однос ја намалува вознемиреноста
Протокот на крв за време на интимниот однос се намалува во амигдалата – област на мозокот поврзана со анксиозните нарушувања. Многу крв што тече во оваа област може да ја зголеми можноста за развој на анксиозно растројство или други проблеми со менталното здравје, така што интимниот однос може да биде еден од начините да се намали тој ризик.
2. Интимниот однос помага при слабеење
Се подразбира, интимниот однос не може да го замени вежбањето, но сигурно согорува многу калории. Едно истражување од Универзитетот во Монтреал проучувало колку калории се согоруваат за време на сексот. За 30 минути секс, мажите согоруваат просечно 101 калорија, а жените 69. Тоа би било просечно 3,1 калорија во минута.
3. Интимнииот однос го зајакнува вашиот имунитет
Истражување објавено во списанието „Психолошки извештај“ открива дека студентите кои имале интимни односни барем еднаш неделно имале поголемо ниво на одредени антитела, што е од витално значење за борба против разни заболувања. Всушност, количината на антитела била за 30% поголема отколку кај оние кои воопшто немале интимни односи.
4. Интимниот однос е добар за срцето
Во просек, најголемиот ритам на срцето за време на интимниот однос е приближно ист како кога одите по скалите, а се препорачува да вежбате умерено околу 150 минути неделно.
5. Интимниот однос помага да се ослободиме од болката
Ендорфините се природни лекови за болките во телото. За време на интимните односи, ендорфините ги преплавуваат телото и мозокот, олеснувајќи ги од сите непријатности. За некои луѓе, ова може да да биде чудесен лек против главоболки. Може да биде последица на ендорфин или ослободување на невротрансмитерот серотонин, што прави да се чувствувате среќни.
6. Интимниот однос помага при стрес
Како и сите хемикалии кои мозокот ги ослободува за време на интимниот однос, тој исто така ја намалува и количината на кортизол. Истражувањата покажаа дека интензивниот интимен однос им помага на луѓето да се справат со стресот.
Воедно докажано е дека интимните односи значително ги намалуваат ризиците од појава на рак на простата, појава на чир, го намалуваат крвниот притисок и го подобруваат квалитетот на сонот.
извор: нане