Врските имаат тенденција да бидат бајковити во почетната фаза, но со текот на времето станува тешко да се одржи таа врска и почетната искра во живот. Може да се оддалечите поради недостаток на внимание, недоволно посветено време, но и поради измама и желба за некое ново животно искуство или начин на живот.
И додека за некои работи се виновни партнерите подеднакво, има и такви каде мажот ја оттурнува партнерката од себе. За нив зборуваме подолу.
Непочитување
Кога жената е почитувана, таа веднаш знае дека и на тој маж му е важна, односно дека мажот доволно се грижи за неа и сака да ја задржи. Сепак, непочитувањето во која било смисла – непочитувањето на нејзиното време, обврски, напори во врската и личните желби само ќе предизвика таа полека да губи интерес. Никој не сака да биде сфатен несериозно, па затоа не вреди да се премине преку тоа ниту во љубовна врска.
Неконзистентност
Доследноста во вашите постапки е исклучително важна за една жена. Таа внимателно ќе го следи вашето однесување кон неа. Ако постојано ѝ покажувате дека се грижите за неа и дека сте тука за неа низ се, таа никогаш нема да го изгуби интересот за вас.
Ако не се однесувате вака и тоа се случува се почесто, ќе знае дека не може да се потпре на вас дури и кога се во прашање ситниците.
Мамење
Довербата е основата на врската. На ова се заснова целата врска. Жените дефинитивно ќе изгубат интерес за мажи кои мамат. Чинот на изневерување ги прикажува мажите како незрели и неспособни да го ценат она што го имаат. Речиси е невозможно да се врати довербата на жената по изневерувањето.
Мали гестови на внимание
Тоа што го правевте на почетокот на врската сигурно во одреден момент ќе исчезне и ќе создадете нови ритуали. Сепак, може да се случи никогаш да не стекнете навика да правите нешто само за вас двајца. Клучно е да запомните дека вашите посебни гестови на почетокот на врската се она што ја натера жената да се заљуби во вас. Затоа, ако се изгуби секој мал знак на внимание, тоа е знак дека повеќе не ви е грижа или дека мислите дека таа повеќе не вреди да се трудите.
Прекршување на ветување
Ако мажот постојано се откажува од своите намери и на партнерката и ветува празни приказни, тоа значи дека на таков маж не може да му се верува и дека има многу подлабок проблем. Ваквиот маж секако дека е таков на сите во неговиот живот, а тоа се одразува во секоја сфера од неговиот живот, но и вашиот заеднички.
извор:попара.мк