Љубов и Секс

5 најчести сексуални фантазии кај мажите и жените

5 најчести сексуални фантазии кај мажите и жените

Професорот заклучил дека меѓу фантазиите најчеста е секс со повеќе партнери, пренесува „Psychology Today“.

Истражувањето кое го спровел професорот Џастин Лехилер на Интитутот „Кинси“ во кој испитувале над 4 илјади луѓе од 18 до 87 години, открило што луѓето потајно посакуваат кога станува збор за сексот.

Дури 87 отсто од жените и 95 отсто од мажите фантазираат за секс со повеќе партнери и тоа најчесто тројка.

Садо-мазо, потчинување

По книгите и филмот „50 нијанси на сиво“, 96 отсто од жените и 93 отсто од мажите фантазираат за потчинување, па дури и мачење. Интересно е што речиси сите испитаници ја имале оваа фантазија во одговорите.

Сексуални авантури

Ова вклучува орален и анален секс и други варијанти, како на пример секс на јавно место, парк, лифт, бар.

Забранет секс

Воајеризмот, егзибиционизмот, фетиши – дури 60 отсто од испитаниците пријавиле дека размислуваат на ова.

Делење на партнерот

Оваа фантазија вклучува размена на партнерот, гледање на нечиј друг партнер со некаква друга емоционална и сексуална врска со вашиот партнер. Повеќе од две третини од учесниците ја пријавиле оваа фантазија.

Страст и романтика

Поголем дел од сексуалните фантазии вклучуваат брз секс, но и многу од нив се фокусираат и на љубовта и чувството да се биде сакан. Страст и романтика биле фантазиите поврзани со одредени поединци.

To top