Љубов и Секс најчесто е под број 3

5 грешки што ги прават жените, поради кои ги пропуштаат добрите мажи

5 грешки што ги прават жените, поради кои ги пропуштаат добрите мажи

Честопати се прашуваме каде исчезнале добрите мажи? Но, дали некогаш сте се запрашале дали е проблемот во вас или вашиот светоглед?

Понекогаш жените ги пропуштаат добрите мажи поради малите пропусти.

Ова се петте најчести грешки што ги прават жените, поради кои ги пропуштаат добрите мажи:

1. Сакаат одреден тип на маж и не се откажуваат од него

Нема ништо лошо во поставувањето на критериуми, сè додека не станете премногу пребирливи. Во одреден момент треба да ги преиспитате вашите критериуми, т.е. да обрнете внимание на она што навистина ви е важно.

Запрашајте се дали навистина би одбиле маж што ви одговара во сè, освен во, на пример, неговиот музички вкус?

2. Влегуваат од врска во врска

Срцето не прашува и тоа е причината зошто мозокот понекогаш треба да му даде совет. По раскинувањето треба да одвоите време за да го преболите поранешниот партнер. Можеби мислите дека сте подготвени за нова врска, но најверојатно не сте.

Дури и на најмоќните жени им треба време да пронајдат нова љубов по раскинувањето. Во тој момент кога сте повредени и тажни, станувате мамки за мажи кои не се добри за вас.

3. Го чекаат господинот совршен

Принцот на белиот коњ е само бајка. Треба да сфатите дека совршенството не постои. Заради љубовта, учиме да ги толерираме сите несовршености, а понекогаш истите ни стануваат симпатични.

4. Одбиваат да излезат со друштвото

Животот често нè изненадува со ненадејни љубовни приказни, но шансите дека некој добар маж ќе чукне на вашата врата се слаби. Веројатно ќе го сретнете на друго место, затоа излегувајте со вашето друштво.

5. Не сакаат да го направат првиот чекор

Старите романтични приказни нè научија дека мажот секогаш прв треба да пристапува кон жената, но времињата се променија. Зад навидум срамежлив маж, кој не знае како да ви пристапи, можеби се крие добар и квалитетен потенцијален партнер.

Кога ќе ги отфрлите сопствените предрасуди ќе добиете можност за нови познанства.

 

извор: crnobelo.com

To top