Љубов и Секс

3 тајни кои поголем дел од жените никогаш нема да им ги кажат на своите партнери

3 тајни кои поголем дел од жените никогаш нема да им ги кажат на своите партнери

Експертите за љубов тврдат дека дури и во најскладните врски постојат тајни кои жената ни во сон нема да му ги каже на нејзиниот партнер.

Иако на жените искреноста им е многу важна во емотивниот однос, сепак колку и да се заљубени и посветени, тие на нивниот партнер некои тајни нема да им ги кажат.

Експертите за љубов велат дека и подобро е некои работи партнерот никогаш да не ги дознае, а ние ви откриваме кои се најчестите работи кои жената ги премолчува.

1. Одржување контакт со поранешното момче

Според истражувањата речиси 75 отсто од жените одржуваат контакт со своите поранешни партнери, најчесто по пат на социјалните мрежи. Еден од знаците за предупредување се брзото затворање на лаптопот во моментот кога мажот ќе влезе во просторијата.

2. Претходни неверства

Експертите за љубов велат дека ретко која жена му признава на момчето дека го изневерувала нејзиниот претходен партнер. Таа сака да биде совршена и безгрижна во неговите очи.

Исто така, жените мислат дека тоа признание ќе ја наруши нивната доверба и среќата во нивната врска.

3. Што мислат за неговата мајка

Жените кои знаат колку е посебна љубовта меѓу мајката и синот, не сакаат да се најдат во средина на таквиот однос, па поради тоа на својот партнер никогаш нема да му кажат што мислат за неговата мајка.

Оваа тајна е строго чувана на почеток на љубовните врски, кога жената сака сè да биде идеално. Меѓутоа поголем дел од жените кога ќе се венчаат во некоја мера им признаваат на партнерите дека не се воодушевени од тоа што свекрвата често им доаѓа на гости.

извор: точка.мк

To top