Љубов и Секс

3 прашања кои треба да му ги поставите пред да кажете „ДА“

3 прашања кои треба да му ги поставите пред да кажете „ДА“

Кога сте во врска за која мислите дека има иднина и дека може да премине во брак, потребно е убаво да размислите и прво себе, а потоа и на партнерот да му поставите неколку прашања, со чија помош ќе одредите каде сте кога е во прашање вашиот однос.

Едноставно, треба да знаете како вашиот партнер размислува за вашата заедничка иднина, па да одлучите колку неговите ставови се слични со вашите. Овие 3 животни прашања би требало да ги поставите пред да запливате во брачните води.

1. Дали сака деца?

Ако вашите желби на оваа тема не се исти со желбите на вашиот партнер – тоа може да донесе многу проблеми во бракот, па дури и негов прекин. Затоа оваа тема е многу важна за дискусија.

2. Како располага со финансиите?

Психолозите тврдат дека парите се водечка причина за развод во светот. Затоа е многу важно да знаете како вашиот партнер располага со финансиите, пред вашите финансии да станат заеднички. Ако и двајцата се одговорни кога се во прашање парите, иднината би била светла.

3. Како се справува со проблемите?

Во животот сигурно ќе ве очекуваат повеќе потешкотии, препреки и проблеми. Затоа е многу значајно како партнерот се справува со истите, затоа што многу ќе ви биде потребно да си имате поддршка еден на друг.

извор:среќа.мк

To top