24-годишната Кони Котон се запознала со 44 години постариот Херб Дикерсон во засолниште за бездомници во нивниот роден град, каде што двајцата волонтирале и брзо се заљубиле и почнале да живеат заедно, пренесува „Дејли мејл“.
Минатата година и се вериле, а Кони тврди дека причината не се парите ниту сексот.

„Почнав да флертувам со него, а тоа многу го изненади. Почнавме повеќе време да поминуваме заедно, а потоа работите почнаа да се одвиваат брзо“.
„Моето семејство беше во шок на почетокот и не ја одобруваше врската. Беа загрижени за мојата сигурност, но со текот на времето го прифатија бидејќи видоа колку ме усреќува и дека можам да му верувам. Херб сега е дел од семејството“, објаснила таа.
„Размислував за тоа дека Херб нема да биде толку долго како мене, но попрво би поминала време со него отколку да се откажам од врска. Постојат многу предности во врска со постари мажи. Сакам едноставен живот без игри и компликации. Само сакам да живеам со моето семејство во среќа“, заклучила девојката.
извор: точка.мк