Не мора секоја брачна криза да заврши со развод. Мажите се многу молчаливи, понекогаш им е тешко да го изговорат тоа што го чувствуваат и посакуваат.
Од друга страна пак можеби немаат партнерка која што е способна да ги „прочита“ и да ги натера да разговараат, а со тоа доаѓа до емоционално оддалечување кое што неретко завршува со развод.
Брачниот терапевт Стив Хорсмон споделил 21 реченица која што во текот на долгата терапевтска пракса најчесто ја слушнал од мажите кои што биле подготвени да се разведат.
Ова се нивните најдлабоко чувани тајни:
1. Сакам да се чувствувам добредојдено и ценето во нашиот дом.
2. Сакам да си веруваме еден во друг и да се чуваме меѓусебно.
3. Сакам да ти ги признаам своите слабости, но ти да не ми пререкуваш поради тоа.
4. Сакам да почувствувам дека си среќна што си покрај мене.
5. Сакам да ме слушаш додека ти се „исповедувам“.
6. Сакам да ме сфатиш и разбереш.
7. Сакам да се чувствувам ценет поради тоа што ти го давам.
8. Сакам да се чувствувам посакувано.
9. Сакам сексуална интимност.
10. Сакам сексуална разновидност и спонтаност.
11. Сакам да се чувствувам пријатно покрај тебе.
12. Сакам да ми го кажеш што ти е потребно.
13. Сакам да ми дозволиш да ги исполнам твоите потреби.
14. Сакам да се чувствувам сигурно кога разговараме за заеднички потреби.
15. Сакам да бидеме тим.
16. Сакам да ми веруваш и да веруваш во мене.
17. Сакам да веруваш дека моите намери кон тебе се искрени.
18. Сакам да ми кажеш дека го цениш тоа што сум добар татко.
19. Сакам да имаме подлабоки разговори и да ти покажам колку сум ранлив без страв и пресуди.
20. Сакам да ја почитуваш мојата потреба за личен развој и време кое ќе го поминувам сам.
21. Сакам да те сакам и за возврат да се чувствувам сакан.
извор: точка.ком.мк