Жените често се оптеретени со тоа каков впечаток ќе остават за време на првиот секс со новиот партнер, но изгледа дека тоа е – сосема непотребно.
Тоа го потврдуваат и овие 11, за жените непријатни ситуации во сексот, на кои посилниот пол не обрнува внимание.
1. Дали тоа ви е прв или деветти состанок
За разлика од жените, на мажите не им е грижа на колку состаноци мора да излезат пред првиот состанок.
2. Дали носите ‘бабски’ гаќи
Во момент на толкава возбуденост, мажот сигурно нема да ги одбие вашите ‘бабски’ гаќи. И онака ќе останете без нив.
3. Тоа што имате презервативи со вас
Се грижите што ќе мисли за вас ако во чантата носите кутија со кондоми? Единствено што може да помисли е дека сте личност која практикува безбеден секс.
4. Дали тоа ќе му биде најдобриот секс во животот
Никој не сака лош секс, но кога првпат ќе спиете со некого, сосема е нормално ако тоа не е сексот од соништата.
5. Ако го удрите со лактот соблекувајќи си ја маичката
Нема потреба 10 минути да му се извинувате поради тоа. Насмејте се, извинете се и продолжете со акцијата.
6. Дали сте се депилирале утрото
Бидете сигурни дека тој нема да забележи ако имате некое влакно повеќе.
7. Каква е атмосферата во собата
Тој нема ни да забележи дали во собата се поставени романтични свеќички и специјална музика. Ќе се фокусира на вас.
8. Дали носите ‘push up’ градник
Не мора да се грижите дали кога ќе ви го соблече градникот ќе извика ‘Измамен сум!’. Сигурно нема да го направи тоа.
9. Колку пози за време на сексот ќе промените
Не мора да се докажувате, испробувајќи ја секоја поза на која ќе се сетите. Ако меѓу вас постои нешто повеќе, ќе имате време за експериментирање.
10. Дали сексот трае цела ноќ
Сексот треба да трае доволно долго за двајцата за постигнете оргазам.
11. Дали ви е потребен лубрикант
Не треба да ви биде непријатно ако ви е потребен лубрикант. Тоа нема да ја намали вашата страственост и сексуалност.
извор:точка.ком.мк