Секс со партнерот секогаш е добра идеја. Но, во лето кога температурите растат, две испотени тела едно до друго не звучи баш еротски.
Тоа не значи дека не треба да имате секс во лето. Напротив, треба да имате што е можно повеќе секс, само паметно да го одберете времето.
Утринскиот секс сам по себе си има бројни предности. Утринскиот секс е како да јадете чоколадна торта за појадок – декадентно, слатко, задоволувачко уживање.
Многу истражувања покажале дека луѓето кои имаат секс наутро се посреќни и поздрави. Утринскиот секс обично е поинтимен и повозбудлив.
Утринскиот секс е добар бидејќи не само што убаво ќе ве разбуди, ќе го памтите цел ден и ќе ве држи полни со енергија и насмевка на лицето.
Сексот сам по себе е одлична физичка активност, па заменете едно утринско трчање со еден утрински секс. Научниците потврдија дека со еден час секс се трошат исто калории колку со 30 минути џогирање (мажите во просек за еден час би потрошиле 240 калории, а жените 180).
Уште една добра причина за утрински секс е што ситуацијата е поволна – веќе имате малку облека на себе (ако имате воопшто).
Тука следи и причината зошто утринскиот секс е уште подобар во лето: Температурите уште не се качени во „пеколна зона“, станот е тивок и изладен во текот на ноќта, а телата одморени. Многу подобра опција отколку да се препотувате попладне или да чекате да се изладите доцна вечерта.
Извор: Кајгана