Дали сте ранобудник? Дали сакате да вежбате јога, да се истуширате, да ги погледнете вестите и да појадувате без да брзате? Ако имате слободно време наутро, ние имаме друга одлична идеја за вас- утрински секс! Откријте зошто утринскиот секс е толку добар…
Ќе ви го разубави целиот ден
За поголем дел од луѓето утрата се тешки. Утринската намуртеност и очекуваниот стрес кој доаѓа заедно со зафатениот ден најчесто ги расипува нашите утра и често знаеме да го пренесеме лошото расположение во текот на целиот ден. Но постои решение – научниците одамна докажаа дека сексот ги ослободува хормоните кои го подобруваат расположението, па ако овие хормони се ослободат рано наутро пред вашиот ден да започне тогаш треба да траат подолг временски период…
Ќе ви го зајакне имунитетот
Во текот на денот сме изложени на различни потенцијални ризици за здравјето, посебно ако во текот на денот се во контакти со многу луѓе. Но постои начин да се зајакне имунитетот, а не е пиење на смути! Утринскиот секс исто така е познат по тоа што го зајакнува имунитетот, бидејќи го зголемува лаењето на имуноглобин-1 во телото. Следниот пат кога нема да се чувствувате добро, само почестете се со утрински секс набрзина и не грижете се за ништо.
Ќе го подобри вашиот изглед
Постои еден израз на лицата на луѓето кои имале секс. Тоа е внатрешен сјај, кој шири среќа и задоволство. Утринскиот секс нема да ви го даде само тој сјај, поради зголемената циркулација на крв за време и по сексот ќе ви ја разубави кожата, ќе изгледате помладо и вашата коса ќе биде сјајна- без потреба на еден тон шампони, балсами и сл.
Може ќе ви го доживеете најдобрто сексуално искуство кое некогаш сте го имале
Наутро, телото е одморено и свежо (секако доколку убаво сте спиеле) и умот е исто така одморен и не е под стрес. Ова само по себе е добра работа, но исто така е совршената ситуација за да се фокусирате на вашата сензуална страна и да го доживеете најдоброто секусално искуство. Истражувачите потврдуваат дека честопати утринскиот секс е најдобриот секс кој луѓето го имале, па затоа треба да го наместите будилникот малку порано и целосно да уживате во вашето утринско сензуално будење!
Им дава поголема сексуална моќ на мажите
Постои уште една опција зошто утринскиот секс има потенцијал да биде најдобриот секс кој сте го имале. Според истражувањата, мажите најчесто се возбудени рано наутро бидејќи тогаш нивото на тестостерон е највисоко. Ова им овозможува на мажите целосно да го искористат својот сексуален потенцијал, а жените целосно да уживаат во него. Па затоа не е важно дали вашиот секусален партнер е маж или жена, во секој случај и двајцата ќе уживате ако дел од вашата утринска рутина му ја посветите на сексот.
Ќе ви даде повеќе енергија
Знаете дека некои луѓе го започнуваат својот ден со трчање, одење на фитнес или вежбање јога? Сите овие навики се навистина добри, но лесно можете да ги замените со утрински секс! Утринскиот секс е напорна активност која ќе ги истегне вашите мускули и ќе ви овозможи одлична кардио вежба. И сето тоа без да го напуштите креветот? Звучи одлично нели?
Одлична транзиција за вашите сексуални соништа
Сексуалните соништа се убаво искуство – сигурни сме дека знаете- бидејќи врз основа на одредени истражувања во полето на човековата сексуалност, сите редовно имаме сексуални соништа. Сексуалните соништа ве полнат со позитивна енергија, го зголемуваат либидото и поради нив се чувствувате пријатно кога ќе се разбудите. Но што ако постои можност вашите сексуални соништа да не завршат кога ќе се разбудите, туку наместо тоа да продолжите и да ги претворите во нешто пореално? Добри вести- постои нешто такво и се вика утрински секс!
Извор:Нетпресс,мк