Живот и Стил

Зошто треба да знаете колку заработуваат вашите колеги?

Зошто треба да знаете колку заработуваат вашите колеги?

Да им се постави прашање на колегите колку заработуваат е нешто што никој не се осмелува да го направи, а истото важи и за откривањето на тоа колку изнесува вашата плата. Но транспарентноста на платите може да има корист за вработените, организациите и за општеството, вели истражувачот Дејвид Буркус.

Колкава плата добивате? Не мора да кажете наглас – само имајте ја предвид цифрата во вашата глава. Сега: колкава плата мислите дека зема лицето што седи до вас на работа? Не изненадува ако не го знаете одговорот на ова прашање. Непријатно е да го прашате вашиот колега, а за повеќето од нас непријатно е и да кажат колку заработуваат. Меѓутоа, мора да признаете, сакате да знаете колку заработува вашиот колега.

Да претпоставиме дека ако сите знаат колкава плата земаат, би настанал тотален хаос. Ќе има аргументи и жалби. Некои луѓе би дале отказ. Меѓутоа, би сакал да сугерирам друга можност зошто ваквата радикална транспарентност би била добра за компанијата. Еве зошто.

Транспарентноста на платите може да го зголеми чувството на правичност и соработка во рамките на една компанија. Веќе неколку години ги истражувам деловните лидери што ја доведуваат во прашање конвенционалната мудрост за тоа како да управуваат со компаниите. Прашањата за платата постојано се истакнуваат, а одговорите се изненадувачки.

Таинственоста е прикриен начин за компаниите да заштедат пари. Тајноста на платите води до она што економистите го нарекуваат информациска асиметрија – ситуација во која една партија има многу повеќе информации од другата. Само помислете колку подобро би можеле да преговарате за покачување на платата ако знаете колку заработуваат вашите колеги.

Таинственоста во платите исто така го олеснува игнорирањето на дискриминацијата што е присутна на пазарот денес. Во извештајот за 2011 година од Институтот за истражување на женската политика, родовиот јаз во платите помеѓу мажите и жените изнесувал 23 отсто. Ако навистина сакаме да го затвориме родовиот јаз во платите, ќе треба да му се стави крај на криењето на платите.

Откривањето на вашата плата на другите луѓе е непријатно, но дали е повеќе непријатно да се прашувате дали сте дискриминирани или праведно платени? Отвореноста останува најдобар начин да се обезбеди правичност.

Транспарентноста во платите може да има различни форми – една големина не може да им одговара на сите. Некои компании ги објавуваат платите на вработените за да ги видат сите, вклучувајќи ги и луѓето надвор од компанијата; други пак ги чуваат информациите во компанијата. Некои ја објавуваат својата формула за пресметување на платите, додека други ги објавуваат нивоата на платите за нивниот персонал. Сите ние можеме да преземеме поголеми чекори за подобра транспарентност. За оние од вас што немаат авторитет, време е да се залагате за вашите права, а за оние што имаат авторитет да се движат кон транспарентноста, време е да се движите напред. Значи, колку изнесува вашата плата? И каква е вашата плата во споредба со луѓето со кои работите? Треба да знаете. Треба да знаете и вие, а и тие.

извор:факултети.мк

To top