Живот и Стил

Зошто треба да спиете на лева страна?

Зошто треба да спиете на лева страна?

Повеќето луѓе не се ни свесни за фактот дека позата во која се спие може значително да влијае на организмот, особено на варењето.

Првиот доказ за ова тврдење потекнува уште од античкиот период кога монасите практикувале да лежат после секој оброк, како би го олесниле варењето.

Ова го потврдува и ајурведската медицина, најстарата ориентална медицина, која советува да се спие на страна, поточно на левата страна.

Еве и неколку причини поради кои, според ајурведа, треба да спиете на левата страна на телото.

Спиењето на левата страна на телото: – ја олеснува лимфната дренажа; – му олеснува на срцето да ја праќа крвта надолу; – подобро ги отстранува штетните материи; – придонесува за здраво функционирање на слезината; – поттикнува добро варење; – потпомага на дотекот на крвта во срцето; – придонесува за послободен протек на жолчката.

To top