Љубов и Секс

Зошто сексот за смирување е толку возбудлив?

Зошто сексот за смирување е толку возбудлив?

Експертите велат дека расправијата понекогаш може да се исплати бидејќи сексот по неа е вистински огномет.

По караницата, емоциите се поинтензивни, па енергијата се пренесува и во спалната соба. За време на сексот за смирување, партнерите се обично пострасни одошто вообичаено, што може да биде мошне возбудливо. На некој начин, расправијата нè подготвува за сексуален однос – лутината ѝ е, физиолошки, слична на желбата.

Кога сме гневни, ритамот на срцето се забрзува, крвта почнува да струи и се наоѓаме во состојба на возбуденост.

Но најдобро е тоа што за време на сексот се будат хормоните за поврзување. За време на интимниот чин, мозокот е преплавен со хормонот окситоцин, кој поттикнува чувство на љубов и на заедништво. А тоа ни помага да ја надминеме кризата и да заборавиме на расправијата.

Благодарение на сексот, чувствуваме дека партнерот се грижи за нас, дека нè посакува и дека сме подлабоко поврзани со него. Всушност, со секс за смирување како двајцата да велиме: „Беше што беше, и покрај сè, сè уште сме двојка.“

извор:попара.мк

To top