Љубов и Секс

Зошто сексот во текот на летен одмор е најдобар?

Зошто сексот во текот на летен одмор е најдобар?

Иако многу парови стравуваат дека ќе им биде досадно на годишниот одмор, повеќето сепак се сложуваат дека за тоа време сексот им е најдобар, покажува ново истражување.

Повеќето Американци посакуваат секс на плажа, покажа истражување на социјалната мрежа Zoosk.com спроведено на 1.529 луѓе. Скоро три четвртини од нив на возраст од 18 до 49 години сметаат дека сексот е најдобар во текот на годишниот одмор.

Околу 22 проценти веруваат дека најромантичен избор на одмор е во тропските краеви, додека за 19 проценти од нив тоа е посетата на Париз или Рим. Крстарењето е идеално за 15 проценти од испитаниците додека за 9 проценти тоа е романтичен семеен хотел или кампување.

Околу 38 проценти од паровите се загрижени дека ќе си идат на нерви едни на други во текот на одморот, а на 73 проценти од жените најмногу им смета рчењето на партнерот.

Скоро 15 проценти се плашат дека нема за што да разговараат со партнерот, додека 15 проценти не сакаат да ја делат бањата. Околу 59 проценти од мажите се плашат од шопинг со партнерката, откри студијата.

Претходните истражувања потврдија дека длабоката опуштеност и недостатокот на напнатост се клучни за женската возбуда, а годишниот одмор е идеален за тоа.

извор: кајгана

Од истата категорија

Можеби ќе ви се допадне

To top