Секоја новост или промена воглавно позитивно влијае на вашиот сексуален живот. Така и промената на дестинацијата и околината може да доведе до незаборавно сексуално искуство.
Освен тоа, на годишен одмор имате доволно време да се посветите еден на друг, затоа препуштете се и уживајте во интимното дружење.
Промена на околината
Водењето љубов далеку од дома носи доза романтика, но може да поттикне и многу сексуални фантазии. Зошто се случува тоа? Промената на местото е всушност го ослободува допаминот, т.н. хормон на љубовта, кој ја поттикнува желбата за секс.
Промена на облеката
Жените на летен одмор обично се облекуваат посекси отколку вообичаено. Полежерни се и поопуштени, а летните фустани и секси долна облека само дополнително ќе ја разгорат вашата страст.
Гастро-хедонизам
Освен за одмор и уживање, летниот одмор е резервиран и за гастрономски хедонизам. Освен што уживаат во егзотични кулинарски специјалитети, паровите сакаат да испробаат и нeобични пијалaци кои исто така будат желба за секс.
Поспоро темпо
На годишен одмор сите се успорени. Нема брзање за на работа или за извршување домашни обврски. Затоа исклучете ги мобилните телефони и уживајте со партнерката во долги прошетки на плажа кои сигурно ќе ја разбудат романтиката кај вас.