Дебели и среќни. Ова низ смеа најчесто го кажуваат луѓето кои значително се здебелиле во првата година од врската, но кога ќе помине „грејс периодот“, веќе не е смешно.
Здебелувањето во првата година од врската, што може да се случи и во првата година од живеењето заедно или во брак, најчесто е резултат на опуштање.
Луѓето кои се во врска сметаат дека не треба да изгледаат секогаш во форма, бидејќи нивниот партнер ќе ги сака во секој случај, па затоа си дозволуваат да јадат многу повеќе отколку оние кои не се во љубовна врска, потврди истражувањето на Централниот универзитет на Квинсленд од Австралија спроведено на 15.000 испитаници.
Резултатите покажаа дека луѓето на почеток на среќна љубовна врска се здебелувале во просек по 5,8 килограми повеќе од оние кои не се во врска.
Љубовна тежина
Истражувањето исто така покажа дека вљубените парови се хранат многу поздраво од оние кои не се во врска, но затоа пак вежбаат многу помалку. Афинитетите кои луѓето во врска ги имаат еден према друг им се доволна причина за да останат во домовите и да поминуваат повеќе време заедно.
Поради тоа, многу често како заедничка активност се зема готвењето, што пак резултира во покачување на килограмите кај двајцата партнери.
Романтичните вечери многу често вклучуваат јадење и вино заедно, а многу често партнерите знаат да одат на заеднички вечери и забави каде има храна, па и самото тоа влијае на нивната тежина.
Како да останете во добра форма?
Тоа што сте среќни и заљубени не треба да ви биде изговор за да се запуштите и да дозволите да се здебелите толку многу што ќе почнете да станувате незадоволни.
Кога луѓето не се задоволни со својот изглед, тоа почнува да се одразува на комуникацијата со партнерот и на квалитетот на врската. Ќе станете раздразливи, нераспопложени, несигурни, а може да си навлечете и здравствени проблеми.
Затоа, преземете ја ситуацијата во свои раце и почнете да внимавате на исхраната, пијте многу вода и почнете да се занимавате со некаква физичка активност. Ако ова го правите заедно со партнерот, ќе бидете поистрајни во напорите и двајцата за кратко време ќе имате видни резултати.
извор: Кајгана