Долгите разговори со пријателите, непроспиените ноќи и постојаното прашување: „Зошто не успеа?“ – важно е воопшто да не се размислува на овие прашања по раскинувањето. Потоа, следува фазата на закрепнување во која полека учите да живеете без партнерот, да се смеете, да уживате во секој нов ден.
Но, одеднаш една навечер пристигнува порака или повик од поранешниот партнер. Некои веднаш ќе го прекинат контактот, додека некои одново ќе ги почувствуваат старите пеперутки во стомакот.
Психолозите веруваат дека во рок од две години по раскинувањето, мнозинството мажи кои самоиницијативно раскинале се обидуваат да го вратат поранешниот партнер. Зошто се случува ова? Постојат неколку причини:
1. Разочарување во самечкиот живот
Психата на мажите е подредена поинаку. Тие веќе еднаш го поминале моментот на разделба од жена, и тоа за време на разделбата од мајка си. Откако ќе го преминат прагот на стариот дом, тие размислуваат за нов живот, слобода, без ограничувања. Иднината им изгледа како среќна приказна. Но, реалноста е далеку од фантазија: празен стан, осаменост, празнина. Наскоро мажите почнуваат да се сеќаваат на предностите на заедничкиот живот, а негативните моменти се бришат од нивните сеќавања. Ова обично се случува седум месеци или година и пол по раскинувањето.
2. Чувство на поседување
Додека вие ја оплакувате вашата изгубена љубов, страдате и мислите само на него, мажот чувствува дека има огромно влијание врз вашиот живот. Но, кога ќе станете независни и ќе научите да бидете среќни, можно е наеднаш да доживее чувство на љубомора. Затоа, по шест месеци или една година, поранешните избраници се обидуваат да ја „испитаат“ ситуацијата, да сфатат дали тие влијаат на вас емотивно. Ако не одговарате на повици и пораки, возбудата само расте. Му се чини дека е заљубен, дека е подготвен да ја врати избраната, но штом таа ќе даде шанса, мажот губи интерес, оставајќи ја девојката повторно со скршено срце.
3. Љубов
Да, и тоа се случува. Понекогаш, за да ги разберете вашите чувства, треба да изгубите или да бидете на растојание. Честопати ни се допаѓа чувството кое се јавува кога сме во нечија близина, но го сфаќаме само кога сме во сосема поинаква ситуација. Ако парот раскинал, но подоцна успеал да разговара и да ги надмине разликите, тоа значи дека чувствата не исчезнале и дека парот има добра шанса да започне одново и, конечно, да изгради силна врска која не се плаши од криза.
Откако прочитавте за правилото со седум месеци, можеби ќе сакате да прочитате и какво значење имаат соништата со вашиот поранешен партнер.
Извор: sensa.mondo.rs