Тагата после секс се појавува и кај жените и мажите. Некогаш, ова чувство потсетува на почетна фаза на депресија и анксиозни расположенија.
До депресија и тага после секс доаѓа кога се ослободува значително поголемо количество на хормонот пролактин, во однос на хормонот допамин.
Меѓутоа, оваа појава воопшто не е ретка. Може да се каже дека речиси секој ја има почувствувано најмалку еднаш во животот. Ваквите чувства може да се појават во зависност од тоа во каква врска се наоѓате и какви се вашите намери со таа личност.
Исто така, сосема погрешно е верувањето дека мажите умеат да ги исконтролираат своите чувства и не ги мешаат со телесното задоволство.
Кај двата пола може да дојде до појава на постсексуална тага и станува збор за многу честа појава која подразбира чувство на тежина, тага и неудобност, непосредно по сексуалниот однос.
Ова се случува поради непропорционалните лачења на хормоните пролактин и допамин. Пролактинот има задача да го смири дејството на допаминот, кој во поголеми количини се излачува во текот на сексот.
Тагата и меланхолијата после секс се појавуваат доколку се случи лоша проценка на телото во однос на тоа колку пролактин треба да создаде, за да го нормализира ефектот на возбуда што е последица на допаминот.