Љубов и Секс

Зошто неверните мажи очекуваат верност од партнерките?

Зошто неверните мажи очекуваат верност од партнерките?

Постојат мажи кои едноставно не се во состојба да бидат верни на избраната партнерка, но имајте на ум дека сите мажи не се исти.

Ако ги запрашате мажите каква партнерка сакаат покрај себе, многумина ќе ви одговорат дека им е потребна жена со која ќе делат искрени емоции, жена која ќе им биде привлечна и нема да им биде досадна. Повеќето ќе одговорат дека сакаат да бидат со добра жена.

Но, доколку еден маж е лажго и измамник, таквата жена ќе му биде уште поголем предизвик за да ја освои и често од неа ќе го бара тоа што тој самиот не може да го даде. Дали сте се запрашале зошто е тоа така?

1. Добрите жени бараат искреност

Вистинската жена секогаш е искрена и очекува искреност од мажот. Таа со него ќе сподели за се што и се случува во животот, но истото го сака и од мажот. Доколку тој е измамник и лажго, нема да може правилно да се однесува кон неа. Секогаш ќе има нешто што ќе го крие.

Како резултат на тоа, нивниот однос ќе се распадне бидејќи мажот нема долго да го издржи притисокот од нејзината искреност и чесност.

2. Таа ќе се обиде да му го подобри животот

Добрите жени секогаш се вложуваат во врската и се трудат да го почитуваат мажот со кого се. Доколку мажот изневерува ваква партнерка, нема да го цени нејзиниот напор туку напротив – ќе му се чини дека таа е премногу опсесивна и ја нарушува неговата интимност.

3. Таа му дава нежност и љубов

Секој кој сака покрај себе искрена и добра партнерка ќе го посакува ова, жена која искажува нежности и љубов. Но, мажот кој изневерува нема да ги цени овие работи. Колку и да ги лаже другите околу него, длабоко во себе е свесен дека не заслужува толку добра жена покрај себе.

4. За неа партнерот е единствен во животот

Искрените и добри жени никогаш не изневеруваат. Добрата жена секогаш е верна на својот партнер. Нему тоа нема да му биде пријатно поради неговите постапки кон неа.

Доколку неверен маж е во однос со добра жена, тоа за него ќе биде измачување бидејќи нема да може да поднесе толкава количина на добрина и почит и длабоко во себе ќе знае дека не го заслужува тоа, бидејќи самиот не го дава.

Кај другите го бара тоа што недостасува кај него.

Извор:Кајгана.мк

To top