Еве неколку најчести „разорувачи“ на добриот секс, односно тоа се нешта што не треба да ги правите за да можете вистински да уживате во него.
Идеализирање на сексот
Пред сексот во глава ви е само една мисла: „мора да биде совршено“. Немојте тоа да го правите! Секако не треба ниту негативно да размислувате. Се што е потребно е да се препуштите и да се фокусирате на личноста која е со вас.
Размислување за минатиот сексуален живот
Иако ви било навистина добро минатиот пат, тоа не значи дека мора така да биде и сега. Ако повеќе се препуштите на размислување како било тогаш, а не на вашиот партнер, веројатно ќе бидете разочарани. На крајот тоа ќе доведе до намалување на сексуалната желба, што со сигурност е последното нешто што го посакувате.
Очекувања дека партнерот ги знае сите ваши желби
За сексот да биде добар, мора и двајцата да учествувате. Ако вашиот партнер упорно прави нешто што ве возбудува, кажете му и наведете го да го прави она што вие сакате. Секако, не заборавајте на она што и него ве возбудува.
Не ви е до секс, но сепак не одбивате
Не сте расположени за секс, но сепак себе си се наговарате дека мора да го направите тоа. Секако дека нема да биде добро. Никогаш немојте да го правите тоа, туку уживајте во сексот само тогаш кога навистина сакате да го правите тоа.