Дали некогаш сте размислувале да ја промените фризурата откако сте раскинале љубовна врска? Треба да знаете дека не сте единствените, тоа всушност е многу често емоционално искуство.
Според експертот за нега на коса Џен Пери, промената на фризура по раскинување на врска почесто се однесува на скратување на косата отколку на менување на бојата на влакното. Тогаш мора од себе да ја исфрлите лошата енергија, а кратењето на косата може да донесе чувство на духовно „олеснување“, објаснува таа.
Повеќето луѓе емотивно се врзани за својата коса, а промената на фризура во нив го враќа чувството на контрола.
Новата фризура се поврзува со нов почеток и оптимизам, а косата по раскинувањето служи за одбележување на тешките емоции низ кои минуваме.
Често означува и победа над тешка ситуација во животот.
Извор:Кајгана.мк