Многу пати до сега се разгледувало тоа дали е добро или не да се има секс на првиот состанок, а многу дами се прашувале колку е добро по нивната репутација доколку се согласат на интимен однос со партнерот веќе после едно видување.
Мажите и жените различно гледаат на сексот на првиот состанок, па не е на одмет да ве потсетиме кои се нивните гледишта и зошто мажите, речиси сите, мислат дека е во ред ако имаат секс на првиот состанок.
Сексуалната терапевтка Синди Вејнер кажа дека речиси сите мажи и рекле дека размислуваат за секс на првиот состанок. Дамите можеби тоа никогаш нема да го дознаат, но токму тоа размислување е доказ дали сте го привлекле спротивниот пол или не. Доколку не сте го привлекле, нема ниту да ве повика на втор состанок, меѓутоа ако размислува за секс значи дека го привлекувате, што и не е така лоша вест, ќе се сложите.
Доколку му се допаѓате на мажот тој ќе сака да има интимен однос со вас во блиска иднина. Тоа не ги прави мажите лоши. Тие едноставно се водат од она што ги привлекло кај вас, додека жените често сакаат повеќе од обична приврзаност за да се впуштат во сексуална игра.
Мажите можеби би сакале да имаат секс веднаш, но тоа не значи дека вие треба да им го пружите тоа задоволство доколку не сте подготвени за тоа.
Доколку вашиот маж инсистира на секс разговарајте со него, можеби само е заслепен од привлечноста која ја чуствува кон вас, па не успева да се контролира на вистински начин.
Разговорот секогаш е најдобро решение и ваше субјективно решение.