Љубов и Секс

Зошто мажите паѓаат на Русинки?

Зошто мажите паѓаат на Русинки?

Можеби не се најубави на светот, според многумина оваа титула ја носат жителите на Јужна Америка, но за мажите Русинките се фатални. Што е тоа што тие го имаат, а нашите девојки не?

Бројни експерти се занимавале со оваа тема, па откриле што ги разликува Русинките од другите жени.

Сè постигнува
Трендовите на феминизмот и популарната „body positivity“, односно прифаќањето на сопственото тело во каква било форма (дури и со вишок тежина), сè уште не се целосно пристигнати во Русија. Идеалната жена ја подготвува масата за празниците, но има време и за шминка и коса, да отиде во градинка за да ги земе децата … И никогаш не се жали дека е уморна.

Не претерува со шминкањето
Русинките обично се минимално нашминкани и ги избираат само основите за нега – пена, тоник, крем. Во споредба со американските жени, кои сакаат посилна шминка, жителите на Русија се стремат кон едноставна грижа и нежни тонови. Можна причина е тоа што козметиката е поскапа во Русија отколку во многу други земји.

НЕ за пластична хирургија
Русинките сакаат да посетуваат козметички салони, но не и пластични хирурзи. Тие често одат на маникир, педикир, чистење на лице, боење на косата, но многу ретко ќе се одлучат за естетска хирургија. Таа верува дека е убава и без дотерување и дека нема потреба да се менува.

Секогаш во потпетици
Без оглед на времето надвор, дожд, ветер, сонце или дури и снег, Русинките не се откажуваат од високи потпетици. За овие дами е многу важно да бидат убави и подготвени се да издржат непријатни чевли и малку студенило заради изгледот. Петиците им помагаат да ја зголемат самодовербата.

Мистериозни и кокетни
Русинките знаат да сакаат и да бидат сакани. Според нив, во љубовта нема „не“, ниту нешто што е срамота. Поради саканиот маж, таа ќе ослабе, ќе готви, ќе носи заводлива облека, а исто така, со сето свое кокетство, знае како да прифати подароци и финансиска помош од мажи. Иако делуваат кротко, тие се мистериозни и полни со противречности, што ги прави уште попривлечни во очите на мажите.

извор:попара.мк

To top