Љубов и Секс

Зошто мажите не сакаат да употребуваат заштита за време на секс?

Зошто мажите не сакаат да употребуваат заштита за време на секс?

Сигурно сте се нашле во ваква ситуација кога машкото не сака да ја открие причината зошто одбива да користи заштита.

Возбудливиот момент во спалната соба може да стивне во секунда веднаш штом се постави прашањето: “Имаш ли кондом?”.

Жените се тие кои често го поставуваат ова прашање, додека мажите максимално го избегнуваат. Меѓутоа, експертите тврдат дека и девојките подеднакво мразат да го поставуваат тоа прашање и секогаш постои полемиката зошто жените речиси секогаш треба да бидат одговорни кога станува збор за тоа.

Не смееме да заборавиме дека ако не носите кондом со себе постои ризик од сексуално преносливи болести. Растот на бројката на одредени инфекции може да се препише на намалената употреба на кондоми, тврдат експертите од австралискиот универзитет.

Не би требало само една личност да се грижи за тоа повеќе од другата. И мажите и жените треба да преземат одговорност за сигурен секс. Меѓутоа, изгледа дека девојките сè уште носат товар за тоа, бидејќи на мажите кондомите им се непријатни. Сепак, време е да научат дека кондомите се дел од животот, важни за нивната сигурност и треба да се прилагодат на нив.

извор: точка.мк

To top