Љубов и Секс

Зошто мажите не сакаат да употребуваат кондоми?

Зошто мажите не сакаат да употребуваат кондоми?

Презервативите се убедливо најдобрата заштита од полово преносливи болести и непосакувана бременост, но сепак мажите не сакаат да ги употребуваат.

Најчестиот изговор им е дека тие влијаат негативно на сексуалното задоволство, односно жената не го чувствува пенисот.

Меѓутоа, Њујорк Тајмс спроведе едно истражување кое откри зошто многу мажи не сакаат да употребуваат презервативи. Како што веќе знаете, многу производители на презервативи произведуваат кондоми во основна, стандардна големина, а проблемот е во тоа што таа големина не одговара на големината на сечиј пенис.

Студиите покажале дека просечен пенис во ерекција е околку 2,5 сентиметри помал од стандардниот кондом, кој е долг околку 17 сентиметри.

Истражувањето кое било спроведено, а во кое учествувале 1.661 маж, покажало дека 83 % од мажите имаат проблем со стандардната величина на кондом, кој е подолг од нивниот полов орган. Просечната должина на машкиот “алат” е 14,5 сентиметри.

извор:точка.мк

To top