Дали некогаш сте се запрашале зошто одредени мажи нагло губат интерес за жените?
Во еден момент ја живеете својата бајка, а во друг бајката се претвора во хорор.
Секако дека имаме право да го изгубиме интересот за некого за кого се испоставило дека не ни одговара онолку колку сме мислеле или сакале и тоа поради посесивноста, љубомората, глумата, лагите… Но, што ако жената била совршена цело време, а сепак дошло до прекин на врската.
Причината е воглавно секогаш иста – страв од обврски.
Во тие ситуации право прашање е што не е во ред со мажот, а не со жената. Некои мажи успеваат да го надвладеат стравот и стануваат онакви мажи за кои жените сакаат да се омажат, додека оние другите остануваат онакви какви ниту една жена не би сакала.
Таквите мажи едноставно не сакаат да го изгубат чувството дека се слободни и достапни и не сакаат да се лишат од возбудите кои им ги носи непрестаното освојување. Од тие причини, жената која ќе ја освојат многу бргу им станува неинтересна, бидејќи се увериле дека можат да ја имаат. Тогаш тргнуваат да освојуваат понатаму и да си докажуваат самите на себе дека се пожелни. И се така додека постојат заинтересирани жени за тоа.
ШТО МОЖАТ ДА НАПРАВАТ ЖЕНИТЕ
Има нешто и во тоа дека жените многу често носат брзи одлуки кога се во прашање врските. Но факт е дека од таквите мажи треба да побегнете и да си признаете дека тој никогаш нема да биде она што вие сакате, самоуверен и стабилен маж.
Едноставно, наместо да се сожалувате, треба да тргнете понатаму и да му дадете можност на некој подобар.
извор:точка.мк