Нека не ве чуди што во летниов период либидото ви е до плафон.
Научно е докажано дека летото ве загрева и однадвор и одвнатре, а многу фактори се во игра за да се „запалите“.
Витаминот Д не може да се најде во секоја храна, но вашето тело го лачи под сончева светлина. Овој витамин помага во растот на коските, но и го зголемува нивото на тестостерон. Колку повеќе сте изложени на сонце, толку повеќе „пукате“ од желба за секс.
Летото носи забава и денови поминати во релаксација, а сето тоа се одразува на општото ментално здравје. Повесели сте, среќни и бликате од сератонин, а тој оди рака-под-рака со зголемен сексуален нагон.
Де не заборавиме еден очигледен факт -летото е жешко, а кога надвор тепературата врие, врели сте и вие. Носите помалку облека, предизвикувате и ве предизвикуваат, па штета би било сиот тој флерт „да пропадне“.
извор: Кајгана