Периодот од декември до март можеби значи сува кожа, испукани усни и маскирање во многу слоеви облека, но зимата има позитивен ефект на човечкото либидо, па ништо од ова нема да ве спречи да се гушнете под ќебе со саканата личност.
Сега има и научни и медицински докажани причини зошто имаме повеќе секс баш во овој период од годината.
Сите сакаме да се згрееме
Докторката и професорка по психологија Мариса Коен истакнува дека забавувањето на темпото на друштвениот живот во ладните месеци влијае на тоа луѓето да се повлечат дома и да им биде „психички ладно“. Кога се чувствуваме изолирани и сами имаме потреба од блискост со друга личност која ќе нѐ згрее физички и психички.
Жените се попривлечни во зима
Според резултатите на едно полско истражување од 2008 година, мажите сметаат дека женското тело е попривлечно во зима отколку во лето. Истражувачите објаснуваат дека женското тело е поубаво и попровокативно под слоевите облека и ги возбудува мажите многу повеќе отколку кога е разголено секој ден, како во лето.
Либидо на максимум
Новата сезона доаѓа и на биолошко ниво. Научниците докажале дека мажите имаат најмногу тестостерон во декември, најмногу поради промената на климата и спиењето. А повисоко ниво на тестостерон значи и зголемено либидо.
Утеха и удобност
Серотонинот е хормон што го одредува нивото на среќа. Истражувачите заклучиле дека нашите тела прозведуваат помалку серотонин кога има помалку сончева светлина, што значи дека расположението ни е попроменливо во зима, кога деновите се пократки. Тоа кај нас буди чувство на осаменост и меланхолија во зимските месеци, вели доктор Џастин Лејмлер и додава дека толкму тоа ја поттикнува желбата да бидеме поблиски со партнерот и да си пружиме утеха.
Извор: Кајгана.мк