Пејачката Драгана Мирковиќ проговори за своето минато, а се осврна и на преселбата во Виена.
Драгана Мирковиќ во дваесеттата емисија „Рамо до рамо со Драгана“ која се емитува во сабота и недела во 20 часот на ТВ Курир.рс раскажа како изгледал нејзиниот животот во Виена.
Познатата фолк дива со години живее во Австрија, а во главниот град на оваа земја ужива со своето прекрасно семејство. Сепак, ниту еден почеток не и беше лесен, ниту овој.
– Животот го започнав од нула од прекрасна куќа во Белград до стан од 50 квадратни метри во Виена. Не ми пречеше, бидејќи знам што е љубов. Не можам да ви кажам дека ми беше лесно, без разлика што Виена е многу блиску и доаѓав често, тоа е огромна промена.
– Знаев и да плачам – искрена беше Драгана.