Веројатно сте слушнале за популарниот мит според кој мажите помислуваат на секс на секои седум минути. Сепак, за да добијат попрецизен одговор на прашањето колку често мажите и жените мислат на секс, научници од Универзитетот во Охајо дојдоа до интересни податоци.
Спроведоа истражување на 283 студенти кои одговарале на прашањата колку пати во текот на денот помислуваат на храна, спиење и секс.
На испитаниците им биле дадени преносни уреди на кои требало да притиснат копче секој пат кога една од трите работи ќе им дојде на ум. Резултатите покажале дека мажите во просек на секс помислуваат 19 пати дневно, а жените 10 пати дневно. Интересно е што освен за секс, мажите почесто од жените размислуваат и за храна и за спиење.
Друга анкета од 2019 година спроведена од OnePoll истражуваше колку често двата пола делат детали за својот сексуален живот и дали им е тоа пријатно или не. Резултатите покажале дека 65% од возрасните редовно споделуваат интимни детали и притоа се чувствуваат пријатно. Најчесто за секс разговараат со партнерите (61%), со најдобрите пријатели (60%), но и со соработниците (28%) и цимерите (26%).
Според резултатите од анкетата, главната причина за доверливите разговори е затоа што тоа е најлесниот начин да добијат повратна информација, пишува Men’s Health.
извор: Кајгана