Откријте дали сте само нејзина попатна станица
Кога чувствувате пеперутки во стомакот кон некого, голема е веројатноста да ги проектирате своите чувства врз одредена личност, односно да мислите дека таа го чувствува истото, иако не е секогаш така.
Жените во потрага по љубов често се разочарани од искуствата на запознавање со потенцијални партнери. И покрај напорите, мажите не се однесуваат кон нив онака како што мислат дека заслужуваат, па затоа од страв често не сакаат да влезат во сериозна врска.
Доколку до себе имате партнерка со која не знаете на што сте, проверете ги следните знаци и дознајте дали за неа сте само попатна станица.
Секогаш ве претставува само по име
Ако жената никогаш не ве претставува како момче или партнер, туку ве претставува исклучиво по име, тоа може да биде знак дека таа не е подготвена да се поврзе на долг рок.
Воопшто не спомнува заедничка иднина
Возрасни сте, вработни и независни, но и по неколку месеци врска се уште не спомнувате никакви планови за во иднина.
Иако ова многу лесно може да биде знак дека жената не е подготвена за сериозна врска или брак, можно е да е и недостаток на комуникација. Ако никогаш не сте ја започнале темата за заеднички живот, може мисли дека се уште не сте подготвени за тој чекор.
Не сте ја дефинирале врската
Во одреден момент, секоја врска бара да се дефинира. Меѓутоа, жената која знае дека нема да остане во таа врска нема потреба да ја дефинира.
Колку повеќе мажот инсистира врската да биде официјална и јавна, толку повеќе жената ќе се повлече и на крајот ќе исчезне без трага.
Не ве запознава со блиските луѓе
Заљубената жена едвај чека да го запознае својот избраник со своите најдобри пријатели и родители. Но, оној што не ја гледа иднината со вас, ќе избегне да ве запознае со познаниците.
извор: Попара.мк