Многумина се чувствуваат незадоволни во љубовната врска, но сепак остануваат во неа. Понекогаш тоа е поради страв од осаменост, неизвесна иднина, финансиски причини и слично. Но, факт е дека сè додека сте со погрешна личност, си го губите драгоценото време.
Експерти открија неколку сигурни знаци кои укажуваат дека сте во врска со погрешен партнер и дека е време да продолжите понатаму. Секако дека не е лесно да се прекине односот, особено по години врска, но тоа е подобра опција отколку да се чувствувате мизерно, осамено и празно покрај погрешна личност.
Ако немате доверба во партнерот и не може да сметате на него, тогаш бидете сигурни дека тој не е вистинскиот за вас. Не е важно дали станува збор за ситници или големи работи. Вистинскиот партнер ќе се труди да ви го олесни животот и нема да очекува сами да се грижите за сè, ќе ви даде до знаење дека е секогаш тука за вас. Никогаш нема да ви смета во личниот раст и развој, кариерата и социјалниот живот.
Доколку не растете и не станувате подобри и посовесни покрај партнерот, добро размислете дали е тој вистинскиот избор за вас. Добар показател дека нешто не е во ред со врската е ако покрај него не може да бидете најдобрата верзија од себе.
Луѓето кои се задоволни во врската немаат потреба да размислуваат за врска со некој друг, ниту за тоа како можеби ќе им биде подобро ако живеат сами. Доколку партнерот постојано ве испитува и проверува како да не ви верува, тоа не е добар знак. Доколку постојано мора да се оправдувате за вашите постапки, каде сте биле, со кого, таа врска не е добра за вас.
Сето тоа константно објаснување може да биде исцрпувачки и да остави лоши траги на менталното здравје.
Неколку знаци кои се очигледни дека сте во лоша врска:
– постојано го споредувате со други мажи и заклучокот е ист, дека другите имаат посреќна и поквалитетна врска
– не се сеќавате кога последен пат сте имале секс, а кога ќе дојде до тој момент му пристапувате како нешто што едноставно треба да се направи
– веќе ништо не правите заедно
– по работното време не брзате да се вратите дома, туку се трудите да се задржите некаде по пат
-сè почесто излегувате со другарките, без него.
-размислувате за неверство.
извор: Кајгана