Иако жицееме во модерно време и скоро сите табу теми се рушат пополека, сепак останато е девојките да чекаат на момчето кое им се допаѓа да го направат првиот чекор.
Девојката можеби нема веднаш да ви се пушти и да почне да ве бакнува, ако сте само пријатели или познаници, но постојат неколку невербални знаци може несвесно да се издаде дека ве посакува. Отворете ги очите, бидете љубезни, насмеани и расположени и сфатете по која девојка ќе ви се исплати да трчате.
Во прилог ви кажуваме кои знаци ја издаваат девојката што е заљубена во вас:
– Секогаш наоѓа причина да биде во ваша близина
Ако забележите дека додека сте на некоја забава со многу луѓе, таа постојано наоѓа причина да биде баш околу вас, постои шанса таа тоа да го направи намерно, за да се зближи повеќе со вас и се надева дека ќе започнете разговор со неа.
– Премногу се смее додека е со вас
Ако таа е весела, насмеана и среќна додека е во ваша близина, значи дека вие добро си ја вршите вашата работа како машко. Не постои маж на светов, кој има пријателка што постојано ја засмејува и расположува, а да не може со малку труд да го освои нејзиното срце.
– Го допира вашето рамо
Прво, на многу жени им се допаѓаат мажи кои имаат убави рамена. Второ, рамената се многу неутрална зона за допирање. На тој начин, нема ништо наметливо и нападно кај девојка која се смее на шегите кои ѝ ги кажувате и спонтано ве допира или потчукнува по рамото. Ова е најчесто и знак дека ѝ се допаѓате.
– Си ја поправа или допира нејзината коса
Општо е познато дека жените трошат голем дел од своето време, средувајќи си ја косата. Убавата коса дефинитивно ги прави повпечатливи во машките очи. Оние жени кои имаат пократка коса, се најчесто и посамоуверени во врска со својот изглед, бидејќи должината бара од нив поголема грижа и посветеност, па секогаш се средени. Ако честопати си ја допира косата кога е во ваша близина, тогаш таа или е внимателна во врска со својот моментален изглед или потсвесно ви дава сигнали дека ѝ се допаѓате.