Љубов и Секс

Знаци кои откриваат дека немате доволно секс

Знаци кои откриваат дека немате доволно секс

Дали на моменти ви изгледа дека нешто ви недостига во животот? Можеби ако малку подлабоко размислите за корените на некои проблеми, може да заклучите дека за сето тоа најголем виновник е сексот.

Без разлика дали сте во сериозна врска или само се гледате со некого, овие знаци може да укажат дека веројатно не водите доволно љубов, па затоа сте несреќни и незадоволни од себе, пишува Essence.

За кои знаци станува збор?

Не сте заинтересирани за секс

Ако сте во врска и сфаќате дека премногу често избегнувате да водите љубов со партнерот, размислете длабоко зошто тоа се случува. Љубовта што ја чувствувате треба да биде доволна за во вас да ја разбуди желбата за секс.

Чувство на тага

Ендорфините кои се ослободуваат од мозокот се одговорни за да се чувствувате убаво. Постојат неколку работи што можете да ги направите за да се чувствувате подобро и да го зголемите нивото на хормонот на среќата. Еден од нив е сексот, кој освен добро расположение има и здравствени придобивки.

Расположени за кавга

Докажано е дека недостигот на секс ги претвора мажите и жените во темпирана бомба исполнета со негативно расположение. Ако сте забележале дека сакате да започнувате кавги и расправии, запрашајте се кога последен пат сте уживале во сексот.

Недостиг на самодоверба

Некои истражувања покажуваат дека добриот секс помага во самодовербата. Ако се чувствувате како да немате доволно самодоверба дома или на работа, обидете се да бидете поактивни во кревет.

Секс со бившиот

Еден од знаците дека дека ви недостига секс е ако имате желба да му се јавите на бившиот. Подобро е да најдете алтернативен начин за задоволство, отколку да се решите да го контактирате.

Чувство на гнев

Линијата меѓу  љубовта и омразата е тенка, па наместо да бидете гневни и лути, насочете ја таа енергија во решавање на проблемите и сексулана активност со партнерот.

Нервоза во сообраќајот

Недостигот од секс може да се види и по гневните реакции во сообраќајот. Ако сте понервозни од вообичаено додека чекате во сообраќај и другите возачи ве нервираат, размислете кога последен пат сте имале секс.

Многу мислите на секс

Штом мечтаењето станува подобро од реалниот живот, тоа е повик за будење. Земете ја контролата во ваши раце и фрлете се во акција.

Извор:Кајгана.мк

To top