Можеме да мислиме дека човекот кој го сакаме е совршен за нас, но телото ни испраќа сигнали дека можеби не сме во право. Тоа е така бидејќи се што мислиме и чувствуваме се преведува во говор на телото.
Тоа е нешто што не може да го контролираме. Кога нешто ќе тргне наопаку, го чувствуваме тоа. Еден од главните симптоми дека нешто не е во ред е вознемиреноста. Личноста која доживува силен стрес можеби не го разбира тоа, но затоа доживува напади на паника и отежнато дишење. Кои сигнали ни ги испраќа телото кога личноста во која сме вљубени не е вистинската за нас?
Ако секој пат кога ќе помислите на партнерот, насмевката исчезнува од вашето лице, тоа укажува дека односот со него не ви носи радост, дека не сте среќни.
Сте ја изгубиле самопочитта
Вистинскиот маж ни дава позитивни емоции и ја зголемува нашата самодоверба. Ако постојано се сомневате во себе, се преиспитувате, размислувате дали нешто сте го направиле добро, а притоа ви паѓа самодовербата, најверојатно сте со погрешен партнер кој не влијае позитивно на вас.
Се чувствувате емоционално и психички исцрпено
Потсетете се како се однесува вљубена личност. Изгледа како да може се, како да не постои препрека на патот. Тоа е така затоа што партнерот кој ни одговара ни дава сила и енергија, мотивација. Но, ако поголем дел од времето се чувствувате исцрпено, тоа сугерира дека овој маж не е за вас.
Сте изгубиле интерес за тоа што ви се допаѓа
Кога сте среќни в врска, продолжувате да живеете свој живот како и кога сте биле сами, го правите тоа што го сакате, се дружите со мили луѓе, имате ваши интереси. Не престанувате да живеете онака како што сте живееле само за да ги задоволите потребите на партнерот. Во спротивно, ако веќе не го правите тоа што го сакате, ако сте се оддалечиле од милите луѓе, тоа е јасен сигнал дека врската има негативно влијание на вас и вашето однесување.
Не спиете добро
Причини за лош сон има многу, но покрај стресот една од нив е и изборот на погрешен партнер. за да спие некој добро, мора да биде спокоен, опуштен, без грижи и проблеми кои му дишат во врат. Ако не сте во можност добро да спиете покрај партнерот, запрашајте се дали сте со вистинскиот маж за вас.
Ако вашето тоа не може да се опушти покрај него, тоа ви кажува многу.
Извор:Кајгана.мк