Љубов и Секс

Знаци кои откриваат дека му се допаѓате на потенцијалниот партнер

Знаци кои откриваат дека му се допаѓате на потенцијалниот партнер

Освен класичните знаци на наклонетост, постојат неколку неочекувани начини кои откриваат дали му се допаѓате на потенцијалниот партнер.

Начинот на кој вашиот потенцијален партнер се однесува кон вас, може целосно да се разликува од однесувањето на вашиот поранешен партнер на почтокот на вашата врска, што може да доведе до прашања дали стварно му се допаѓате или не.

Овие пет знаци покажуваат дека му се допаѓате, но тоа го крие.

Ве контактира

Во почетната фаза, многу луѓе се фокусирани на градење на доверба и напорно ќе се придржуваат на ветувањата. Доколку вашиот потенцијален партнер ви се јавува или ви пишува, можете да претпоставите дека е заинтересиран за вас. Особено доколку редовно контактирате помеѓу две средби.

Бавен е

Иако страста и брзината можеби се вообичаени на почетокот на нова врска, бавноста не е лоша работа. Доколку некој сака да влезе во врска полека, ова е добра вест. Тоа е веројатно затоа што се плаши нешто да не згреши и од желба да не се зближите премногу брзо.

Прво негувате пријателство

Доколку сте воспоставиле искрено пријателство пред да се впуштите во било што романтично, може да бидете сигурни дека врската оди подалеку од само симпатии. Довербата е темел на секоја врска, а таа мора да се гради полека. Доколку поминува време запознавајќи ве и обрнува внимание на вашите разговори, дефинитивно го интреесирате.

Се збунува во ваше присуство

Доколку ви се чини дека е мирен, ладен и самоуверен пред сите други, освен пред вас, можеби му се допаѓате повеќе отколку што мислите. Вообичаено е луѓето да не се сигурни како да се однесуваат во нова врска, дури и кога се чини дека сте создадени еден за друг.

Поради вас прави работи кои претходно не ги правел

Дали вози неколку часа за да биде со вас? Дали порано не бил љубител на планината, а сега со задоволство планинари со вас? Доколку поради вас прави работи кои обично не би ги правел, голема е веројатноста дека му се допаѓате.

извор: Кајгана

To top