Ова се некои од знаците кои ги покажува личноста со која сте во врска доколку не е заинтересирана за вас и лесно ќе препознаете дека ве лаже:
Контакт со очите – Доколку не сака да ве гледа во очи додека разговара со вас
Говор на телото – Црвенило, потење, тресење со нозете, чешање.. овие потези се рефлексна реакција на телото кога човекот лаже
Веродостојност – Звучат ли неговите зборови уверливо? Некои луѓе во паника смислуваат неверојатни приказни на кои е тешко да поверувате
Повторување – Ако го повторува прашањето кое Вие сте му го поставиле, веројатно си купува време за подобро да ја формулира лагата
Инстинкт – Слушајте ги своите инстинкти затоа што тие се многу моќно оружје. Ако сте соочени со искусен лажго, неговите приказни ќе звучат уверливо и тешко дека ќе го фатите во лага, но ако вашата интуиција упорно ви кажува поинаку, тогаш бидете внимателни.
Брзината на неговото зборување – Партнерот кој лаже постојано ја менува брзината на говорот. Тој почнува да зборува бавно, но во моментот кога треба да каже лага, говорот се забрзува и тој се обидува да ги изговори зборовите што е можно побрзо.
извор:сител.мк