Љубов и Секс

Знаци кои докажуваат дека врската ве исцрпува: Дали и вие ги забележувате?

Знаци кои докажуваат дека врската ве исцрпува: Дали и вие ги забележувате?

Иако на почетокот сè е возбудливо и енергично, после некое време врската може да стане многу здодевна и исцрпувачка.

Ако работите секој ден, имате хобија или сè уште се образувате, а врската ви претставува најголем напор, тоа значи дека конечно треба да застанете и да му погледнете на проблемот во очи.

Следните знаци укажуваат на тоа дека вашата врска психички и физички ве исцрпува.

Немате сила за разговор

Секој разговор ви претставува напор, а повеќе не ви се смешни ниту заедничките шеги. Се чувствувате исцрпено и најмногу уживате додека сте сами со себе.

Не ве радуваат заедничките планови

Обично излегување на состанок ви претставува напор, а не пак планирање за заедничко патување. Не сакате да вложувате време ниту пари во планирање било каква иднина со партнерот.

Напамет ви паѓат само проблемите кои сте ги имале со партнерот

Како сите убави моменти да се избришале. Размислувате само за проблемите и се нервирате поради нешто кое можеби воопшто не е ваш проблем.

извор: точка.мк

To top