Љубов и Секс

Знаци дека партнерот ве изневерува

Знаци дека партнерот ве изневерува

Постојат разни причини што може да ја прекинат врската. Чувствата се менуваат, луѓето се одалечуваат, а понекогаш едноставно повеќе не можете заедно.

За жал, многу луѓе немаат храброст на директен и врел начин да ја прекинат врската, па се свртуваат кон изневерување на партнерот. Без оглед на причината, често можете да забележите знаци дека нешто ви се случува зад грбот. Повечето неверни партнери ќе изгбат желба за секс, емотивно ќе се одалечат од партнерот, а ќе почнат и да покажуваат големо интересирање за нови работи што порано не ги интересирале.

Постојат разни начини за откривање на неверство, а ние ви ги претставуваме најчестите.

Поминува помалку време со вас

Партнерот што е неверен често мора да користи изговори како што се прекувремена работа, доцни состаноци, деловни вечери и други обврски, за да има време за „другата“ жена.

Нема нежности 

Вашиот сексуален живот речиси и не постои поради неговите други обврски. Не сака повеќе да се галите, да гледате филм или на некој друг начин да покажете блискост, како некогаш.

Повеќе се грижи за својот изглед

Неверниот партнер обично почнува да купува нова гардероба, ја менува фризурата или почнува да вежба бидејќи сака да биде им привлечен и на другите жени.

Промени во автомобилот 

совозачкото место е поместено или на него најдовте непознато влакно. можеби на радиото има нова станица бидјечи таа ја слуша.

Кратки нерви 

Неверниот партнер е со кратки нерви поради чувството на вина што е резултат на неверството. Одеднаш почнуваат да му пречат работи што дотогаш не му пречеле.

Промени во однесувањето 

Неверниот партен често зазема дефанзивен став кога ќе го прашате каде бил. Може да се сврти против вас и да ве обвини дека сте несигурни, посесивни или дека премногу го туркате носот но неговиот живот.

To top