За многу парови, живеењето заедно е едноставен и логичен чекор. Ќе заштедите пари, имате помош и друштво во станот. Но, од друга страна, тоа е единствен спас за врската, финансиите и слично. Huffpost ви дава неколку совети како да препознаете во каква ситуација се наоѓате вие.
Ако сте загрижени дека не е вистинското време да живеете заедно со вашиот партнер, тогаш размислете убаво за следниве совети.
1. Користете го вселувањето како начин да ја процените стабилноста на вашата врска
Големите чекори не треба да бидат нешто со што ќе тестирате дали вашата врска е стабилна и успешна. „Освен тоа, парот би требало да биде возбуден поради новиот чекор“, вели терапевтот Курт Смит.
2. Уште не сте поминале низ поголема расправија
Иако си замислувате колку би било убаво и романтично, не секоја неколкумесечна врска треба да прерасне во заеднички живот. Можеби за неколку месеци, ќе поминете низ бурен период, па ќе видите кaков човек имате покрај себе: дали е тука за вас кога ви е тешко и дали може да биде личноста со која ќе го делите секојдневието- среќата и тагата.
3. „The money talk“
Разговорите за пари и финансиски планови се задолжителни. Ако ги избегнувате, порано или подоцна ќе се најдете во ситуација кога ќе се расправате со партнерот за тоа.
4. Некој од вас живее со цимер
Ако имате цимер или дете, задолжително прашајте ги за мислење дали имате дозвола да го вклучите партнерот во заедничкиот простор.
5. Мислите дека со живот во заедница ќе ги поправите проблемите во врската
Ако одговорот е да, тогаш се лажете. Кога врската е во криза, ви треба сопствен простор, за да ги средите мислите и проблеми, а тоа сигурно нема да го имате доколку живеете со партнерот.
6. Партнерот ве притиска да живеете заедно
Ако интуицијата ви вели дека ситуацијата не е идеална и ваквиот чекор е избрзан, тогаш послушајте ја. Занемарете го партнерот кој ве убедува дека сè ќе биде во ред: несигурноста не е добар знак.