Љубов и Секс

Златни правила за односи со поранешната девојка

Златни правила за односи со поранешната девојка

Постојат различни ситуации кои ве наведуваат да се потсетите на ноќите поминати со некои од вашите поранешни партнерки. Желбата да бидете со нив се враќа одново и одново.

Пред да го направите тоа, прочитајте ги следните совети.

Сексот со поранешната девојка претставува еден вид на контрола. Мажите ги бараат поранешните девојки затоа што за да стапат во контакт со нив им треба помалку труд. Но, и доколку бидат одбиени, тоа нема да ги погоди со оглед на тоа дека немаат никакви очекувања.

Полошо од очекуваното

Поранешната девојка со која не треба да се обидувате да започнете нешто од почеток е онаа која лесно се врзува за вас кога вие не сте подготвени за ништо сериозно.

Но, што кога сексот е одличен?

Сценариото во овој случај е и двајцата ќе се чувствувате лошо наутро бидејќи имате различни очекувања.

Уште една можност е отворена, а тоа е дека самиот сексуален чин нема да биде ниту приближно добар како оној кој го паметите. Терапевтите велат дека на мажот му е тешко да го паметни сексуалното искуство како лошо. Затоа треба да размислите добро пред да го земете мобилниот во раце.

Врска без обврски

Најдобрата опција за овој вид на односи е поранешната девојка со која сте имале лошо раскинување на врската и неколку години не сте во контакт.

Во случај да се разделивте на мирен начин, ќе биде многу тешко повторно да чувствувате сексуална привлечност.

Меѓутоа, во оваа ситуација бидете подготвени дека вашата поранешна девојка повеќе не е истата тинејџерка со која излегувавте порано – сега зад неа има многу повеќе искуство, па ќе мора да слушнете неколку работи од неа за да потоа дојдете до поентата.

Доколку таа не е зафатена, сексот ќе биде потсетник на старите добри денови, па и двајцата ќе си заминете дома со отворена опција дека повторно ќе се видите по некое време.

Ваквиот секс дефинитивно не е лоша идеја, но водете сметка дека треба да бидете искрени дека не сакате да се врзувате и гласно да го кажете тоа.

извор: kajgana.com

To top