Познатата македонска телевизиска и радио водителка Живкица Каленикова е богата жена како мајка на трите дечиња – Даријан, Марко и Ана.
Деновите, месеците и годините си минат, а кога се детацата во прашање, ни растат пред очи, па додека трепнеме од малечки бебиња прооделе, почнале да зборуваат, да одат на училиште…
Мама Жиле на својот Фејсбук објави додека невидена фотографија стара 9 години, а наппавена во болницата по раѓањето на нејзиното прво синче Даријан.
-Ох времето вистина лета!9-че! Прва љубов мајкина, напиша Живкица во описот на фотографијата каде во рацете го држи своето прво чедо, а потоа направи споредба со една нова каде Даријан веќе е пораснато дете впуштено во детската игра.
По повод роденденот на малиот, а голем славеник пристигнаа многу роденденски честитки на профилот кај мама Жиле.