Три едноставни работи кои жените ги сакаат во сексот, а кои мажите често не ги сфаќаат.
Водењето љубов не мора да биде наука, но истражувањата покажуваат дека жените потајно се надеваат на работи за кои мажите не се ни свесни. Затоа малите упатства за оние едноставни детали кои можат многу да направат не се на одмет.
Експертите дадоа совети на што мажите би можеле повеќе да се фокусираат во кревет за заедничко задоволство.
Повеќе контакт со очите
Искуството покажува дека жените се жалат дека мажите не ги гледаат доволно во очи. Жената се чувствува изоставена од сè ако тој постојано мижи или гледа во нејзиното тело. Поради ова, може да се чувствува безвредно.
Контактот со очите е еден од најинтимните потези што еден маж може да ги направи за време на сексот. И тој не треба да се плаши од тоа, особено затоа што ќе и значи многу на жената.
Не бегајте од нејзината реакција после секс
За жените сексот често е филтер за стрес, ослободување од старите рани, па се случува после секс да плачат или да се смејат, да направат нешто неочекувано за него. Сексот лесно може да создаде силна емотивна поврзаност и жените можат да одговорат на тоа во еден момент.
Мажот не треба да го осудува тоа, туку треба да остане со партнерката додека таа поминува низ тој емотивен бран.
Бидете отворени за повеќе
Заблуда е дека на секоја жена и е доста од секс по кулминацијата. Затоа не е лошо после секс да останете заедно во кревет бидејќи тогаш повторно се отвораат нови врати од женската еротска природа. Жените го отвораат своето тело, ум и дух во тие моменти на блискост. И тоа секако ќе ја продлабочи вашата врска.
Извор: Попара.мк