Како мажите го доживуваат сексот и како жените го доживуваат не е сосема исто. Дури и нивното чувство за кулминација е различно. Она што претставниците на посилниот пол мислат дека им се допаѓа на жените, можеби воопшто не е точно. Обратно.
Сепак, постојат некои работи кои мажите често ги прават во сексот, а жените ги етикетираат како лоши љубовници. Еве за што се работи…
1. Фалење со големината на пенисот
Кога мажот очекува жената да го пофали за големината на неговиот пенис, тоа воопшто не изгледа привлечно за понежниот пол. Тоа укажува на несигурност, а тоа секако не е особина која кај жената (барем повеќето) ќе ги разгори страстите. Постои можност тоа да го прави затоа што е препотентен, што ја предизвикува истата реакција. Советите на сексологот до жените е, доколку се грижат за партнерот, да го убедат дека неговата „големина“ е совршена за нив, но и дека нема потреба постојано да се зборува за тоа.
2. Моментот „дупчалка“
„Ако мажот го втурне својот пенис во жена и имитира работа на дупчалка, веројатно нема големо искуство во спалната соба“, вели сексологот Клер Кавано. Постои и опција дека тој брза што побрзо да достигне кулминација или, од друга страна, од страв да не ја изгуби ерекцијата, но која и да е причината, тоа не им се допаѓа на жените. Имаат впечаток дека не учествуваат во секс, туку дека се само помошно „средство“ за мастурбација. Сексологот вели дека дамите најчесто преферираат побавен ритам со триење, бидејќи тоа им носи поголемо задоволство.
3. Игнорирање на „тоа точка“
Иако знаат дека тоа е поттик за задоволство кај жените, многу мажи избегнуваат да го стимулираат клиторисот за време на сексот. Најчесто причината е затоа што веруваат дека само пенетрацијата е доволна за жената да достигне кулминација, па тоа доаѓа како некаква навреда. Сексологот ве советува да го поучите партнерот за видовите оргазми кај жените, дека некои едноставно не можат да доживеат кулминација без негова стимулација и дека тоа не е „удар за нивната чест“ во кревет.
4. Продолжување на сексот заради оргазам
И на жените и на мажите им се случува понекогаш, дури и кога имаат најжестоки партнери со кои се совршено сексуално компатибилни, едноставно не можат да доживеат кулминација. Проблемот е што понекогаш мажите инсистираат на жената да и пружат задоволство, па максимално го продолжуваат сексот… Совет од психолог – подобро да ја прашате што сака во кревет.
5. Губење на интерес веднаш по завршувањето на сексот
Порано жените се жалеа на мажи кои штом ќе ја „завршат работата“ се вртат на другата страна и заспиваат, но сега нешто друго им го окупира вниманието. Има се повеќе мажи кои посегнуваат по телефонот откако ќе ја достигнат својата кулминација. Жените не го сакаат ваквото однесување, тоа ја поништува секоја блискост (емоционална или чисто сексуална) што постоела за време на односот. Сексологот советува – разговарајте малку со жената пред да побрзате да видите што има на социјалните мрежи, кажете виц, смејте се заедно… Ќе биде поубаво и за неа и за вас.
извор:курир.мк