Промотер

Женското дуо  „Loud Breeze“ со својата песна ќе ве поведе низ вашите – „Спомени“ (ВИДЕО)

Женското дуо  „Loud Breeze“ со својата песна ќе ве поведе низ вашите – „Спомени“ (ВИДЕО)

 „Loud Breeze“ е иметио на женското  поп-рок дуо од Битола кое е оформено  на почетокот на училишната година пред една и пол госина, на 01.09.2020 . Членови на дуото се Вероника Павловска – вокал, Ана Талевска – гитара. Дуото го има својот прв јавен настап на отворено пред Музејот во Битола на 07.09.2020, по што следи првиот официјален настап во кафе барот Везилка на 25.09.2020. Бендот настапи пред полн бар, направи извонредна атмосфера. Распеаната публика, настапот не сакаше да заврши, бендот неколку пати го враќаше на бис.

Првиот сингл ,,Спомени’’ го објавуваат на 31.12.2021. Музиката ,текстот и аранжманот ги потпишува Ана Талевска. Снимен е во домашното стдио на Ана – Sond Pill, а видеото го снимила екипата на Charli Film.

Песната достигна повеќе од 50 000 прегледи во првата недела на YouTube. „Спомени“ е само првата авторска песна на Loud Breeze, а девојките веќе работат и на втората песна која планираат да ја објават во месец февруари годинава.

Дотогаш, уживајте во нивната музика која носталгично ќе ве води можеби и низ вашите ,,Спомени’’.

To top