Моќта на мислите има големо влијание врз нашето ментално здравје и колку побргу го сфатиме тоа, толку побргу ќе го подобриме нашиот живот и ќе бидеме посреќни. Љубовта не е доволна, а секоја силна врска се гради со текот на времето, па затоа е важно да размислувате позитивно уште на почетокот на врската.
Не сум доволно добра за мојот партнер
Кога сте во врска, вие сте со партнерот којшто сте го одбрале за себеси, исто како што тој ве одбрал вас.
Тоа значи дека вие си одговарате, без оглед на вашите маани и недостатоци. Тој ве прифаќа и ве сака какви што сте и нема потреба да се грижите за дополнителни глупости.
Сè ќе биде добро
Оптимизмот е корисен за менталното здравје. Од друга страна, доколку вашата врска е во криза, мора да преземете иницијатива, да разговарате со партнерот и да се обидете да ги решите проблемите.
Во ваквите ситуации не треба да се препуштите на случајот, а пред сè е важно вашиот партнер да види дека се грижите за него.
Среќните парови не се расправаат
Истражувањата покажаа дека и најсреќните парови имаат проблеми. Голема грешка е да не разговарате со партнерот за она што ве мачи, затоа што кога партнерите не разговараат, ги кријат емоциите во себе и во определен момент доаѓа до прекинување на врската.
Затоа е исклучително важно да разговарате за сите проблеми.
Не го поминува секој слободен момент со вас, што значи тоа?
Паровите коишто се сакаат, знаат колку е важно да имаат слободно време само за себе. Доколку партнерот некој ден сака да биде сам, тоа не значи дека не сака да поминува време со вас.
Љубовта не е доволна
Само љубовта не е доволна за силна и долга врска. Многу работи се темелат на компромиси, поддршка, почит и доверба.
извор: Кајгана