Љубов и Секс

Женски маани кои мажите ги обожаваат!

Женски маани кои мажите ги обожаваат!

Никој од нас не е совршен. Сите ние имаме маани. Некои од нив ги сметаме за маани, а на некој друг тоа му изгледа толку слатко. Ова се најчестите женски маани кои мажите ги обожаваат:

Стомаче

Можеби вас ве нервира, но вашето стомаче им изгледа многу секси на мажите. Меката кожа е она што ги излудува.

Мали гради

Многу од жените сметаат дека мажите сакаат големи гради, а во тоа грешат. На мажите не им е најважна големината на градите. Едно истражување покажало дека мажите многу повеќе забележуваат убав задник, отколку големи гради.

Широки колкови

Доколку имате широки колкови и тоа ви претставува прблем при одбирањето облека, да ве утешиме дека мажите едноставно тоа ги привлекува. Затоа не се трудете толку да ги сокриете, едноставно мажите сакаат женственост,а широките колкови токму на тоа ги асоцира.

Процеп помеѓу забите

Денес многу познати модели, кои се едни од најбараните имаат простор помеѓу забите. Тоа пред извесен период беше светски тренд, па во забните ординации имаше многу побарувачки за да се направат процеп помеѓу забите. И мажите се согласуваат со ова, процепот помеѓу забите им изгледа многу секси и заводливо.

извор:боза.мк

To top