„Женска ејакулација“ и „сквиртинг“ (squirt – прска, избива во мраз, шприца), се објаснува во истражувањето објавено од страна на Семјуел Салама од Одделот за гинекологија и акушерство од болницата Приве во Франција. Салама и многу други истражувачи велат дека женската ејакулација и свиртингот вклучуваат различни течности кои потекнуваат од различни делови од телото кои се испуштаат за време на екстремна возбуда.
Женската ејакулација се опишува како течност која се испушта во мали количества од жлезда која се нарекува женската простата. Да, некои жени имаат простата и се наоѓа во близина на долниот крај на уретрата. Овој флуид создава додатна лубрикација за време на секс, но тоа не е доволно течност за да ги намокри чаршавите.
Свиртингот од друга страна подразбира поголемо количество на течност која се испушта од бешиката. Токму така тоа е воденкаста урина. „На француски велиме ‘femme fontaine’ или „жена фонтана“, вели Салама, бидејќи течноста блика како фонтана“. Тоа е тоа што го гледаме во порно филмовите.
Во истражувањето Салама и неговите колеги користеле ултразвук за да докажат дека за време на сексуална стимулација бешиката на испитаниците се полнела со течност а потоа се празнела за време на сквиртингот. Салама ја тестирал течноста и открил дека има ист состав како урината.
Па, колку жени искусуват женска ејакулација и/или сквиртинг? Никој не знае точно, но екпертите претпоставуваат дека некаде од 10 до 54 проценти од жените се способни да направат барем едно од двете нешта. Се работи за анатомија, исто како што некои луѓе можат да мрдаат со ушите или да кренат една веѓа така некои жени можат ејакулираат. На некои жени им доаѓа природно, некои треба да вежбаат за да успеат, а некои никогаш нема да можат да го постигнат тоа.
Ако ви се случи да ејакулирате или да сквиртате за време на секс уживајте во тоа. Ако не, не грижете се. Не постои наратив кој може да одреди што треба да се случува за време на сексот.
Извор:Ladybook